Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ тргна со победа во три сета на Ролан Гарос

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на Ролан Гарос, победувајќи го Пјер-Уге Ербер со 3:0 во сетови.

На светскиот рекет број еден му требаа 153 минути за да го заокружи мечот, а истиот го отвори со водство со сетот кој го доби со резултат 6:4, рано обезбедувајќи брејк кој се покажа како доволен за добивање на првата етапа.

Во вториот сет Ербер успеа да стигне до тај-брејк, но Ѓоковиќ овојпат не направи грешка и покажа ментална стабилност и со 7:3 ја потврди предноста од 2:0.

Французинот се држеше добро и во третиот сет, но го загуби сервис брејкот на 5:4, па Ѓоковиќ на овој начин го потврди пласманот во следната рунда.

Таму противник ќе му биде Шпанецот Роберто Карбалјес Баена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни