Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ тргна фуриозно во Астана, па порача: Брзо се навикнав на новите услови

Објавено

на

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ со страшна партија го отвори АТП турнирот во Астана каде за ривал го имаше Кристијн Гарин на кого му препушти само два гејма (6-1, 6-1).

Ова за Ноле беше трета побда во дуелите со Чилеанецот со што потврди дека се наоѓа во одлична форм со оглед на тоа што минатата седмица беше најдобар во Тел Авив.

Тој прикажа сигурна игра, односно не му беа проблем и условите во Казахстан.

-Од почеток до крај беше одличен натпревар. На овој турнир условите се поинакви отколку во Тел Авив, тоа е прв натпревар, чекате да видите како ќе се навикнете, но јас го направив тоа навистина добро. Едноставно, ја користев секоја прилика што ми се укажа, -рече Србинот кој запрашан за тоа колку време е потребно да се навикне на новите услови тој одговори:

-Можам да зборувам само за себе. Имав среќа што во текот на мојата кариера успеавав брзо да се прилагодам на различни услови. Мислам дека тоа ми помогна и денеска, знаев што треба да направам. Освојувањето на турнир и поразот во финале или полуфинале прави голема разлика, пред се психички. На овој турнир влегов мотивиран, со голема самодоверба и убедување, се ми помогна многу брзо да се навикнам, -заклучи поранешниот светски рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни