Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Тенисот во Србија е мртов, мора да ги менуваме работите од корен

Објавено

на

Foto:twitter.com/InteBNLdItalia

Новак Ѓоковиќ и Хамад Меџедовиќ победија во игра на двојки и донесоа дефинитивен триумф за Србија против Грција, што автоматски значеше дека Дејвис куп репрезентацијата предводена од Виктор Троицки обезбедува опстанок во елитата.

Ѓоковиќ како најдобар репрезент на српскиот тенис имаше што да каже по победата над Грција и посочи дека „белиот спорт“ бележи голем пад во неговата родна земја, најмногу поради фактот што речиси да не постојат клубови кои се клучни за развојот на врвни играчи.

– Клупскиот тенис во Србија е мртов, тој умре. Буквално умре во последните години. Партизан не се натпреваруваше како клуб до пред неколку години. Во мое време, имаше клупски тенис на високо ниво, имав силни спаринг партнери од 10 до 18 години.

– Имаше многу подобри од мене кои ме влечеа напред, сега тоа го нема. Ова може да го реши само тенискиот сојуз. Клупскиот тенис е основата на се, без тоа постои голем ризик.

– Потребно е да се засукаат ракавите и треба да се променат работите од корен, не можеме да се надеваме дека ќе преживееме поради некој индивидуален успех. Јас го имав тој тениски центар, но истиот веќе не постои….. Има многу академии и клубови, но националната организација не постои. Ова е комплексна тема и мора да работиме за доброто на тенисот, – изјави Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни