Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Таа не мора да оди во болница поради ова

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен и тоа откако на дуелот со Пабло Карењо Буста беше невнимателен и ја погоди со топче линиската судијка по завршувањето на 11 гејм во првиот сет.

Ѓоковиќ направи голема глупост и го заврши настапот на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Организаторите донесоа одлука дека Ѓоковиќ ова не смеел да го направи, поточно ги прекршил правилата и заради тоа го завршија мечот со победа на Буста, поточно предвремена елиминација на првиот светски рекет.

Додека се чека официјално обраќање, коментар на Ноле, медиумите се обидоа да дојдат до тоа што Србинот разговарал со судиите и организаторот.

-Таа не мора да оди во болница поради ова. Бирате во оваа ситуација? Мојата кариера, грен слем, централен терен, -истакнал Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни