Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ свесен дека не игра на највисоко ниво: Не спиев добро изминативе шест дена

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ не изгледаше најдобро на теренот во првите две рунди на Аустралијан Опен, а после тешките испити кои успешно ги положи, го чека навистина расположен ривал и во третото коло.

Аргентинецот Томас Ечевери игра во животна форма на бетон и во првите две рунди ги декласираше Енди Мари и Гаел Монфис, па убедливите победи сигурно ќе му значат на самодоверба и во пресметката со светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ губеше по еден сет во пресметките со Прижмиќ и Попирин, но и самиот е свесен дека има многу работи за поправање и дека во моментов е далеку од најдобрата форма.

Србинот во подготовката за утрешниот меч посочи дека причина има и причина за лошото движење на теренот, а тоа е вирусната инфекција која направила да нема и добар сон во изминатите пет-шест дена.

– Добра вест е што се наоѓам во завршната фаза на вирусната инфекцика која ја имав. Тоа направи да не можам да бидам на максимално ниво. Кога лошо се чувствувате и се борите со болест, ја немате потребната острина во играта. Чувствувам дека тоа ми недостасува, особено на форхенд. Направив многу грешки во првите два меча и противниците често ме фаќаа на погрешна нога. Чувствувам дека не се движам најдобро и тоа е една од причините и поради кои не ми оди добро со сервисот.

– Имам многу недостасоци во мојата игра во овој момент, но сепак дојдов до третото коло и најдов начин да победам на двата меча. Добрата страна на грен слем турнирите е тоа што секогаш имате ден одмор за да одморите и да ги поправите работите. Се надевам дека вечерва ќе спијам добро, бидејќи последните пет шест ноќи не спиев добро поради вирусот и тоа се одразува врз перформансите. Сметам дека имав доста незгодни противници, сега ќе играм против Ечевери кој игра во животна форма на тврда подлога. Убедливо ги победи Мари и Монфис, но јас многупати сум бил во ваква ситуација и знам што треба да направам за да победам, – вели Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни