Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ суреди уште еден Чех и закажа мега дуел со Алкарас на АО (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/AustralianOpen

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ го потврди статусот на фаворит и преку Јиржи Лехечка дојде до билет за четвртфиналето на Австралија Опен, вкупно 15. во кариерата со што се изедначи со Рожер Федерер.

Ѓоковиќ во претходната рунда во три сета се справи со Махач, а денеска надигра уште еден тенисер од Чешка без притоа одново да загуби сет. Големиот грен слем шампион покажа стабилност, континуитет, смиреност и првите два сета ги реализираше рутински со 6:3, 6:4 за да во третиот конечно биде вистински предизвикан, но Ѓоковиќ како многупати досега излезе како победник и тоа со подобра игра во тај-брејкот за 7-4 и место меѓу најдобрите осум во Мелбурн.


Нареден ривал ќе му биде Карлос Алкарас кој нешто претходно ја заврши работата со Џејк Дрејпер. Ноле води со 4-3 во битките со борбениот Шпанец.

Алкараз сигурно до осумте најдобри, се чека Ѓоковиќ за спектакл во четвртфиналето во Мелбурн

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни