Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ стигна уште еден рекорд на Федерер, а наскоро тој рекорд ќе биде и негов

Објавено

на

blank

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ конечно успеа во намерата да се израмни со Роџер Федерер по бројот на недели поминати на врвот на АТП листата.

И двајцата сега имаат поминато по 310 недели како водечки тенисери на АТП листата со тоа што Швајцарецот беше на врвот 237 недели со ред, додека Ѓоковиќ тоа го стори најмногу 122 недели по ред.

Србинот за прв пат на врвот на АТП листата стигна во јули 2011 година како 24 годишен тенисер, а потоа на врвот се враќаше уште четири пати. Како водечки тенисер во светот има неверојатна статистика од 385 победи и само 53 порази.

Бодовната разлика со конкурентите значи дека Ѓоковиќ и по овие 310 недели ќе остане на врвот со што ќе го сруши рекордот на големиот Роџер Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни