Ѓоковиќ стави печат на контроверзната тема: Новак појасни зошто со цело срце навиваше за Хрватска

nole-poklon

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Шангај изминатава недела откако беше преуверлив во големото финале со Борна Чориќ, а непосредно откако го совлада хрватскиот тенисер на завршниот меч во Кина, во јавноста во Србија повторно се актуелизираше темата која беше навистина популарна за време на Светското првенство во Русија.

Ѓоковиќ крајно отворено и јавно порача дека ја поддржува Хрватска и дека навива за „коцкестите“ на мундијалот, а тоа предизвика и доста негативни реакции во српската јавност поради нетрпеливоста и лошото минато меѓу овие две блиски земји.

Новиот светски рекет број два одново ја отвори оваа тема во интервјуто кое го даде за „РТС“, потенцирајќи дека навистина искрено и давал поддршка на Хрватска поради тоа што има многу пријатели во оваа земја.

– Цел свет има право да се изрази како што сака и секогаш сум го почитувал тоа. Што се однесува до поддршката за Хрватска, тоа дојде од моето срце и им посакувам се најдбро, дури и сега. Имам многу пријатели во Хрватска и исто така мислам дека многу Срби имаат пријатели во Хрватска, – потенцира Ѓоковиќ.

 

Facebook Коментари