Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ спаси четири сет топки и обезбеди четвртфинале во Виена (ВИДЕО)

Објавено

на

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ обезбеди место во четвртфиналето на АТП турнирот во Виена и тоа откако славеше во балканската пресметка против Борна Чориќ со 2-0 во сетови.

Како и на пресметката против Филип Крајиновиќ, првиот носител на турнирот имаше проблеми во првиот „период“ во кој спаси четири сет топки за триумф во тај-брејкот со 13-11. По ова беше полесно за Ѓоковиќ кој следниот сет го доби со 6-3 и со тоа обезбеди место меѓу осумте најдобри на турнирот од серијата 500.

Инаку Србинот со ова славје го обезбеди првото место на АТП листата и со тоа го изедначи рекордот на Пит Сампрас кој шест години ја завршуваше годината на првата позиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни