Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со специјално видео долови како ја доживеал спортската фешта во Белград

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ го прекина својот летен одмор за да биде дел од олимпиското славје на српските спортисти, кои вчера беа дочекани како национални херои пред Народното Собрание во Белград.

Ноле не ја пропушти шансата повторно да се качи на балконот и да има обраќање пред своите сонародници, но и да доживее специјални и уникатни моменти со сите српски спортисти.

Ѓоковиќ во повеќе наврати порача дека освоениот златен медал во Париз е најголемиот и најслаткиот упех во неговата богата кариера, во која дефинитивно освои се што можеше да се освои.

Вчерашниот ден ќе остане во сеќавање на многу српски спортисти и верните фанови, а Ноле се јави и преку социјалните мрежи каде долови видео од фештата на балконот.

– Златно добредојде. Дома е најубаво!, – порача Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни