Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со шокантно откритие за драмата во Австралија: Ова досега го немав кажано никому…

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ како најтрофеен тенисер на грен-слем турнирите го дочекува стартот на годинешното издание на Аустралијан Опен, а таму ќе се обиде да ги надмудри помладите колеги и да ја збогати својата и онака богата колекција на трофеи.

Турнирот во Мелбурн отсекогаш бил еден од омилените на српскиот тенисер, но тој и натаму не ги заборава случувањата од 2022 година, кога по пет дена престој во имиграциски хотел, не му беше дозволен влез во Австралија и не можеше да настапи на тогашното издание на престижниот АО.

Неодамна призна дека случувањата од пред неколку години му останале како траума, а сега им открил на новинарите дополнителни детали, со кои ја шокираше и тениската јавност.

– Кога се вратив дома, имав некои здравствени проблеми. Сфатив дека сум јадел нешто отровно во тој хотел во Мелбурн.

– Поминав неколку тестови по моето враќање во Србија. Ова никогаш никому не сум го кажал, но открив дека имам високо ниво на тешки метали во телото. Имав високо ниво на олово и жива во телото. Единствениот начин на кој можеа да се најдат во мојот организам е преку храната во тој хотел.

– Бев многу болен, нешто како грип. Буквално колабирав неколку дена подоцна, лекарите итно дојдоа во мојот дом и отидов на неколку токсиколошки тестови, – открил Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни