Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со прва порака по лошата вест: Играв со срце…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ нема повеќе да го гледаме на Ролан Гарос или поточно на ова издание во 2024 година, а причината за тоа е повредата на коленото.

Србинот вчера го победи Серундоло, но се мачеше со коленото и најави дека во игра е негово повлекување од турнирот што навистина се случи, па Каспер Руд без борба обезбеди место во полуфиналето на Френч Опен.

Ноле сигурно некое време ќе биде надвор од терените, а има информации дека истата може да биде и подолга, па тој да го скокне Вимблдон и Летните Олимписки Игри. Меѓутоа допрва ќе добиеме вест за паузата со тоа што во меѓувреме се огласи првиот светски рекет кој испрати порака преку социјалните мрежи.

-Со тага можам да соопштам дека се повлекувам од Ролан Гарос. Играв со срце и дадов се од себе на вчерашниот натпревар, но за жал, поради скинат медијален менискус на десното колено, јас и мојот тим моравме да донесеме тешка одлука по внимателно разгледување и консултација.

-Им посакувам многу среќа на играчите кои се натпреваруваат оваа недела и искрено им благодарам на прекрасните навивачи за сета љубов и поддршка. Се гледаме наскоро, -порача Новак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни