Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со прв коментар за црната серија против Синер

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ во период од неколку дена по вторпат загуби од Јаник Синер, но полека може да се каже дека Италијанецот е тенисерот кој станува најнезгоден за големиот грен слем рекордер.

Светскиот рекет број еден влезе во импресивна серија против Ноле и вчера ја запиша четвртата победа во низа во дуелите со него, бидејќи покрај триумфот во Ријад и оној во Шангај на крајот на минатата недела, претходно го совлада и на Аустралијан Опен и на Дејвис Купот.

Синер вчера беше подобар во три сета и се пласираше во финалето на „Слемот на шесте кралеви“, а Ѓоковиќ по тесниот пораз даде кратка изјава за црната серија против Јаник.

– Атмосферата во Ријад беше фантастична, беше наелектризирано меѓу фановите, но од почетокот заостанував во овој меч. Се борев на свој начин, успеав да возвратам и да се изборам за трет сет, но за жал, тој беше многу добар. Имав шанси и во третиот сет, но кога ќе се собере се, тој беше подобар.

– Синер беше подобар од мене, едноставно кажано, игра на високо ниво веќе подолго време. Не случјано е број еден во светот. Се обидов да се борам, да се вратам и да направам пресврт, но тој беше поворно подобар во клучните моменти, – изјави Ноле кој сега има негатива од 5:4 во дуелите со Италијанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни