Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со порака до Федерер: Тешко е да се опише со зборови…

Објавено

на

Рожер Федерер заминува во тениска пензија, а тоа дефинитивно е голема загуба за белиот спорт затоа што Швајцарецот е еден од најголемите асови во историја.

Меѓутоа секоја приказна си има свој почеток и крај, па таква и е оваа на Федерер кој доби многу пораки од колегите, колешките и од многу спорски имиња, па редот му дојде и на Новак Ѓоковиќ кој ги искористи социјалните мрежи и напиша:

-Рожер, тешко е да се дочека овој ден и да се каже со зборови се што поминавме заедно во овој спорт. Повеќе од една деценија неверојатни моменти и битки на кои можеме да се навратиме. Твојата кариера даде пример како да го достигне највисокото ниво и како да ги предводиш другите со интегритет. Чест е што те познавам на теренот и надвор од него, што ќе продолжи и во годините што доаѓаат.

-Знам дека наредното поглавје ќе биде полно со неверојатни моменти за тебе, Мирка, децата, сите најблиски и твоите фанови кои ќе можат да се радуваат. Од нашето семејство до вашето, ви посакуваме среќа, здравје и просперитет во иднина. Со нетрпение очекувам да ги прославам вашите успеси и да се видиме во Лондон, напиша Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни