Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со патерици во рацете ја испрати првата порака до тениските фанови: Донесов тешка одлука (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ мораше да се помири со повлекување од Ролан Гарос поради повреда на менискусот на десното колено, но што е уште поважно, мораше да донесе тешка одлука поради згуснатиот распоред кој следи.

Србинот е познат како човек кој е против хируршки зафати и претпочита телото да му закрепне по природен пат, но со цел да има реални шанси да настапи на Олимписките игри, Новак мораше да прифати артроскопија и санирање на нанесената штета.

Операцијата му беше извршена вчера во Париз и истата минала во најдобар ред, па очекувањата се дека Ноле ќе го пропушти Вимблдон, но ќе стигне навреме за олимпискиот  турнир.

Српскиот тенисер ова попладне го собрал својот тим и испрати заедничка фотографија од француската престолнина, но испрати и прва порака по успешната операција.

– Изминатиот ден морав да донесам некои тешки одлуки откако го скинав менискусот на мојот последен меч. Се уште ги процесирам работите, но сакам да ве известам дека операцијата мина во најдобар ред.

– Многу сум благодарен на тимот лекари кои беа крај мене, како и за огромната поддршка која ја добив од моите фанови. Ќе дадам се од себе за да бидам здрав, но и подготвен да се вратам на теренот што поскоро. Мојата љубов кон овој споррт е силна и желбата да се натпрварувам на највисоко ниво е она што ме одржува. Одиме, – порача Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни