Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со моќна партија го мина второто коло на Ролан Гарос

Објавено

на

foto: x.com/josemorgado

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ без проблеми го мина второто коло на Ролан Гарос, односно со двете победи обезбеди место во 1/16 финалето на вториот грен слен за оваа календарска година.

Ѓоковиќ му одржа вистина лекција на денешниот противник, 63. тенисер на АТП листата, Роберто Карбалјес Баена. Шпанецот беше достоен ривал само во првиот сет кој го загуби со 6-4 или поточно во продолжението постоеше само еден човек на теренот (Ѓоковиќ).

Фаворитот одигра фуриозно и препушти само три гејма (6-1, 6-2) со што испрати јасна порака дека е подготвен за борба и успешен турнир во Париз.

Во следното коло ќе се соочи со подобриот од Монфис и Мусети, меч кој е закажан за вечерва.

Место во наредната фаза од важните играчи обезбедија Хуркач, Димитров, Оже-Алијасим и Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни