Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со ладна глава направи резиме на големото олимписко разочарување (Фото)

Објавено

на

На Новак Ѓоковиќ му недостасуваа зборови за да го опише разочарувањето кое го доживеа по трите болни порази во два дена во Токио, па сега со ладна глава, реши да направи едно резиме за сето она што го искуси во јапонската престолнина.

Светскиот рекет број еден се врати од Токио без освоен медал и со порази од Александер Зверев и Карењо Буста во сингл конкуренција, додека во микс-двојки загуби во полуфинале, а потоа не се појави на мечот за бронзата во друштво на сонародничката Нина Стојановиќ.

Преморениот Србин откри дека заработил и неколку повреди за време на олимписките турнири, па сега ќе се обиде на најдобар можен начин да се рехабилитира за она што претстои, односно грен слем турнирот во Њујорк.

– Голема беше честа да се претставува Србија на Олимпијада. Жалам што ова посебно искуство не заврши со еден медал за мене, но тоа прави да бидам уште помотивиран и да продолжам да работам и да се вратам уште послен во Париз за три години. Им ја посакувам цела среќа на сите наши спортисти кои продолжуваат да се борат за медали. Навиваме, – порача Ѓоковиќ кој стави крај на својата олимписка епизода во Токио.

Пред него сега е дел од американската турнеја, а потоа сигурно ќе ја нападне четвртата грен слем титула оваа сезона на Ју-Ес Опен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни