Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со коментар за изненадувачкиот пораз во Монте Карло: Ако треба да бидам искрен…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот меч во 2021 година и тоа од Британецот Дан Еванс, кој успеа да го совлада фаворитот на Мастерсот во Монте Карло.

Еванс го доби мечот во два сета, а српскиот тенисер по завршувањето на истиот призна дека не направил ништо позитивно на теренот.

– Еванс заслужи да победи, покажа поголем квалитет и играше одлично во решавачките моменти. Јас се чувствував ужасно на теренот, како да не бев во својата кожа.

– Ако треба да бидам искрен, ова беше еден од моите најлоши мечеви последните неколку години. Не можам да се сетам кога последен пат сум одиграл толку лошо, – изјавил Србинот по поразот.

Еванс во четвртфиналето за противник ќе го има Давид Гофан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни