Олимписки игри
Ѓоковиќ со изјава за американскиот дрим-тим среде Њујорк: Висевте на конци…
Новак Ѓоковиќ им се придружи на српските кошаркари и беше топло пречекан од толпата српски навивачи по крајот на Олимписките игри, на кои Ноле стигна до толку посакуваниот златен медал, а Јокиќ, Богдановиќ и компанија се закитија со бронзата.
Српските спортисти остварија одлични успеси на случувањата во Париз и уште еднаш покажаа дека се феноменални како нација, а најголем дел од фановите останаа горди на изданието на кошаркарите против американскиот дрим-тим, кој во еден момент се чинеше дека ќе капитулира пред избраниците на Пешиќ.
Неколку недели подоцна, Ноле добил за задача да го коментира споменатиот меч за време на подготовките за Ју-Ес Опен, па среде Њујорк им порачал на Американците дека се извлекле во дуелот со неговите сонародници.
– Морам да ви честитам за освоеното злато, но имавме многу среќа во полуфиналето со Србија. Требаше да загубите, висевте на конци, се сеќавам дека водевме 13 поени разлика на стартот на последната четвртина. Сепак, дрим-тимот потоа покажа зошто е дрим-тим.
– И покрај се, ние во Србија сме горди на нашиот кошаркарски тим, ние секогаш сме горди на нив. Кошарката е спорт број еден во нашата земја и тоа е така со години. Има традиција, историја, добра е и клупската и националната кошарка. Мора да бидеме горди на тоа, – вели Ноле.
-
АТПпред 20 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 23 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Италијапред 23 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 18 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Мото ГПпред 17 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Лига на шампионипред 5 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Шпанијапред 6 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули