Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со емотивно обраќање кон Дел Потро: Доаѓам од земја во која се ценат твоите вредности (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Новак Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите на завршниот чин во чест на Хуан Мартин Дел Потро, тенисер кој реши да го покани својот добар пријател за својот последен тениски танц во Аргентина.

Градот Буенос Аирес беше домаќин на незаборавната претстава која ја режираа Делпо и Ноле, па така кариерата на славниот Аргентинец доби крај каков што заслужува.

Тешките повреди направија Дел Потро да нема тениски крај како што многумина му предвидуваа, но како што вели Ѓоковиќ, најголема победа за Аргентинецот е тоа што е сакан од сите во тенисот, но и надвор од него.

– Како и сите луѓе тука, многу сум емотивен во моментов. Истовремено сум и благодарен што можев да играм со мојот пријател, со фантастична личност и со голем играч. Ова е посебен ден за мене, помина долго време откако првпат го видов Хуан Мартин. Тоа беше во Франција, имавме 11 или 12 години, тој веќе во тоа време беше речиси 2 метри, а јас бев метар и нешто….. Во последните години тој посебно беше блиску до моето срце, а посебно во последните месеци…..

– Го кажав ова илјада пати во претходните неколку дена. Не познавам ниту една личност која не го сака Дел Потро. Цел свет го сака Хуан Мартин. Јас доаѓам од земја и култура во која се ценат такви вредности: Да се однесувате професионално и со голема почит, но поважно е да имате живот во очите, срце и душа….. Мислам дека Хуан Мартин е пример за сите. Негова најголема победа во животот е тоа што е извонредна личност, – порача Ѓоковиќ.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни