Поврзете се со нас

НБА

Ѓоковиќ со емотивна порака за Коби: Засекогаш Мамба, те сакам пријателе! (ФОТО)

Објавено

на

blank

Пред точно една година кошаркарскиот свет, спортскиот свет остана без Коби Брајант кој го загуби животот во хеликоптерска несреќа во која настрада и неговата ќерка Џијана со уште седум луѓе.

Поради тоа денеска има многу емотивни пораки, одново се споделуваат сеќавања за тоа каков човек беше Коби и како успеваше со својот став, менталитет да им даде пример, да им го отвори патот на новите генерации.

Брајант беше пријател со многу колеги од спортот, а меѓу нив и Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ во повеќе наврати има посочено дека Коби му бил инспирација, поточно го сметал за свој ментор. Првиот светски рекет не можеше да ги скрие солзите минатата година на Австралија Опен, а сега со една кратка, но емотивна порака јасно посочи колку му недостига некогашната ѕвезда на ЛА Лејкерс.

-Засекогаш Мамба, те сакам пријателе, -напиша Ноле.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни