Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со доминантна партија до четвртфиналето во Рим (ВИДЕО)

Објавено

на

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу осумте најдобрите на АТП Мастерсот во Рим.

Ѓоковиќ доминираше на денешната осминафинална пресметка против 21-годишниот Алехандро Давидович Фокина на кого му препушти само три гејма во двата сета. Во првиот резултатот беше 6-2, додека во вториот сет фаворитот беше поубедлив и со 6-1 го заврши денешниот меч.

Ова за Ноле е 15 четвртфинале во 15 настап во Рим, а за пласман во наредната фаза ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Матео Беретини и Стефанос Циципас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни