Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ со долго обраќање за смешната суспензија која ја доби Синер: Немам верба во анти-допинг агенцијата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ победи во првото коло во Доха во игра на двојки и ја продолжи играчката кариера барем за уште еден меч на Фернандео Вердаско, тенисер кој најави дека последниот турнир во кариерата го игра во Катар.

Српско-шпанската двојка беше подобра од Бублик и Хачанов со 6:1 и 6:1, а откако беше прославен пласманот во втората рунда, Ноле седна со новинарите и одржа еден долг прес во кој топ тема беше суспензијата која му беше изрена на Јаник Синер.

Италијанецот се спогоди со ВАДА и издејствува смешна казна од само три месеци, и тоа во период кога на програмата не е ниту еден грен слем турнир. Повеќе од јасно е дека периодот за отслужување на казната е однапред договорен со ВАДА, а бидејќи владее голем револт во тениската јавност за привилегиите кои ги доби Италијанецот, сега новинарите побараа одговор и од Ѓоковиќ.

– Ова не е топ тема само овие денови, туку со месеци наназад во нашиот спорт. Од минатиот август владее голем шок, вистински земјотрес во тенисот. Не само Синер, и Ига Швјонтек како број 1 беше суспендирана, а речиси никој да не знаеше за нејзиниот позитивен тест. Таа ја отслужи казната надвор од сезоната, па со вакви постапки, јасно е дека има се помалку верба во Светската анти-допинг агенција. Јас лично немам верба, не само за овие случаи, туку генерално за сите.

– Јасно е дека има низа на недоследности во начинот на кој се пристапува на еден процес. Играч кој е подобро рангиран и кој може да си обезбеди подобри адвокати, очигледно има поголема шанса за подобар исход. ВАДА во својот правилник вели дека секој случај е поинаков, дека секој играч има разумно време да се изјасни после позитивен тест. Треба да каже од каде е изворот на позитивниот тест, а Синер со својот адвокатски тим го направил тоа за само шест часа. Мислам дека поради тоа доби и подобар третман, но други не можат да го направат тоа.

– Има голем број тенисери кои не се задоволни од начинот на кој е одработен целиот процес. Голем дел од тенисерите сметаат дека ова не е фер, голем дел од тенисерите сметаат дека се фаворизираат одредени играчи. Ако си врвен играч, испаѓа дека имаш подобри шанси да влијаеш врз исходот на постапката. Синер доби три месеци поради пропуст на негови блиски луѓе, но има премногу недоследности во целиот случај. Зрел момент е да се промени целиот систем, вака испаѓа дека е крајно нефер кон одредени тенисери, особено кон оние кои се послабо рангирани. Треба да напомене дека и Синер и Швјонтек беа најдобри во светот кога имаа позитивни тестови, а тоа не е добро за нашиот спорт. Тие докажаа дека се невини, но треба да разговараме за тоа како беа третирани тие, а како некои други. Интересен е и тајмингот кој се бира, суспензијата на Синер завршува точно пред турнирот во Рим, па така нема да пропушти ниту еден грен слем турнир. Се ова прави да се креваат црвени знаменца и да се доведува во прашање веродостојноста на анти допинг агенцијата, – порачува Новак.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни