Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Синот на Меси ме оцени со „осумка“, побара да играм подобро во финалето

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ е блиску до посакуваната стота титула во кариерата, а таа цел ќе може да ја оствари со освојување на Мастерсот во Мајами.

Српскиот тенисер веќе стигна до финалето и има само уште еден чекор до јубилејниот успех, а во меѓувреме уживаше и во дружењето со Лионел Меси и неговото семејство.

Аргентинецот кој настапува во истиот град, вчера го следеше полуфиналето меѓу Ѓоковиќ и Димитров во друштво на своите два сина, а Ѓоковиќ откри интересна анегдота од нивната средба во соблекувалната.

– Еден од неговите синови ме оцени со осумка на скалило од еден до десет, што е добро.

– Со сериозен израз на лицето ми порача дека на следниот натпревар треба да одиграм за десет од десет, така што сега имам сериозен притисок и од таа страна, – рекол Ѓоковиќ.

Во утрешното финале, српскиот тенисер ќе се соочи со чешкиот ривал Јакуб Меншик.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни