АТП
Ѓоковиќ си заминува од Мелбурн со едно неодговорено прашање: Жешка ми е главата, не знам што ќе следи

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја надмине повредата на мускулот и мораше да го предаде полуфиналето со Александер Зверев откако го загуби првиот сет, а со тоа згасна и неговата желба да стигне до 11-та титула на Аустралијан Опен.
Големиот тениски рекордер влезе во завршницата од турнирот со големи амбиции да го подигне трофејот во Мелбурн, но повредата која ја заработи на мечот со Алкарас се испречи на неговиот пат, па сега прашање е дали воопшто ќе дочека нова шанса за слично искуство.
По разочарувачкото сценарио, Ѓоковиќ на новинарите не им потврди дека ќе игра на Аустралијан Опен наредната година, но не даде точен одговори на уште едно поважно прашање.
Ноле го ангажираше Енди Мари со цел да му помогне во подготовката за првиот грен слем турнир, па иако се веруваше дека соработката ќе биде долгорочна, сега самиот Ѓоковиќ не потврди дека Шкотланѓанецот ќе остане дел од неговиот стручен штаб.
– Двајцата сме разочарани од тоа што се случи и морам да ви признаам дека уште немаме зборувано за иднината. Се уште е многу свежо, жешка ми е главата и благодарен сум што дојде тука и што беше со мене. Ќе му дадам моја возвратна реакција за соработката и истата е позитивна. Ќе видиме како тој размислува…. Жешки се главите и тешко е да свртите нов лист веднаш, ќе мора да зборуваме за следните чекори. Ќе мора да се оладиме, па после да зборуваме за иднината, затоа не знам што ќе следи, – изјавил Ѓоковиќ.
– Дали ова ми беше последен Аустралијан Опен? Постои шанса и за такво нешто, ќе видиме како ќе тече сезоната за мене. Сакам да продолжам да играм, но ќе видам каков ќе биде распоредот за следната сезона. Ако бидам фит и мотивиран, не гледам зошто не би дошол повторно да играм тенис во Австралија, – порачал Србинот.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија9 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег