Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ си замина од Австралија со позната српска изрека: Може да не убиете, но не можете….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ после 33 последователни победи остана без триумф на Аустралијан Опен, а тоа значеше дека доживеа елиминација во полуфиналната фаза на годинешното издание.

Светскиот рекет број еден беше надигран од Јаник Синер и мораше да фати лет од Мелбурн порано од предвиденото, но пред да го направи тоа, направил ексклузивно интервју за емисијата „Денешно шоу“.

Србинот повторно се отворил за лошите спомени кои ги има од војната во Белград, но исто така нагласи дека тоа му помогнало да изгради победнички карактер кој го однесе до историски достигнувања.

– Понекогаш, се уште ми се навраќаат тие лоши спомени. Кога имав 12 години, имаше бомбардирање кое траеше 2 и пол часа. Понекогаш ми се појавуваат сликите, особено кога ќе слушнам огномет, тоа ме потсетува на бомбите кои експлодираа.

– Тоа не е пријатно, најверојатно ми е траума одвојната, но мислам дека тоа ми помогна да бидам истраен, да бидам играч кој никогаш не се откажува во моментите кога се крши мечот.

– Има една изрека кај нас во Србија: Може да не убиете, но не можете да го убиете нашиот дух, нашата душа. Јас верувам во тоа. Колку тенисери во историјата го направија тоа што го направив јас? Не го велам ова за да се пофалам, го велам за да се потсетам, за да се штипнам себеси, да сфатам што направив, – вели Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни