АТП
Ѓоковиќ си постави јасни цели за новата 2025 година
Новак Ѓоковиќ ја отвори новата 2025-та година со пораз во игра на двојки во партнерство со Ник Кирјос, но Србинот останува во игра на турнирот во Бризбејн кога е во прашање ждребот во сингл конкуренција.
Ноле ја мина првата пречка на самиот крај на 2024-та година и лесно го совлада Хиџиката со 2:0, а сега во пресрет на новиот дуел со добро познатиот ривал Гаел Монфис, Ѓоковиќ ги отвори картите и посочи кои ќе му бидат главните цели во новата година.
И покрај тоа што има 37 години, Србинот не планира да застане и целта му е да се подобрува од ден во ден, па поради тоа во својот стручен штаб го придодаде и Енди Мари.
– Мојата цел е да го подобрам секој удар барем малку. Ова го мислам и за оние удари кои изгледаат совршено, оние кои ми носат извонреден процент на професионално ниво. Нема да ја менувам мојата игра во целост во новата година, но ќе се обидам да ја доработам и да ја поправам колку е тоа возможно.
– Знам дека има луѓе кои сметаат дека тоа не е непоходно, но јас ќе работам на позиционирањето, на играта во транзиција, на тактиката. Ќе се обидам да напредувам и физички и психолошки колку е тоа возможно во оваа фаза од кариерата.
– Без разлика на тоа колку ќе ме чини, сакам да бидам подготвен за натпреварување на највисоко ниво. Кога ќе заврши турнирот во Бризбејн, заедно со моите тренери ќе ја анализирам играта на најголемите ривали на Аустралијан Опен. Сакам да видам како мојата игра се вклопува со онаа на најдобрите во овој момент. Ќе видиме што правам добро, а каде можам да напредувам, – изјави Ѓоковиќ.
-
Англија17 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
Македонија20 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
АТП11 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија11 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација13 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија23 часа
Педри откри кои играчи на Барса се посебно наострени кога играат против Реал
-
Германија14 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)