АТП
Ѓоковиќ си постави една главна цел за 2025. година по неочекуваниот пораз во Доха

Новак Ѓоковиќ брзо ја санираше мускулната повреда од Австралија и настапи веќе во февруари во Доха, но неговиот пат во Катар траеше навистина кратко.
Српскиот тенисер вчера беше надигран од Матео Беретини и загуби во два сета со резултат 7:6 и 6:2, пораз кој сигурно ќе го натера Новак уште понапорно да работи пред американската турнеја која следи.
Ѓоковиќ ја брка својата јубилејна 100-та АТП титула и ќе видиме дали ќе успее да стигне до неа на Индијан Велс и Мајами, но самиот вели дека главна цел оваа сезона му е да освои барем еден грен слем турнир.
Ноле последната грен слем титула ја освои на Ју-Ес Опен во 2025-та година, а оттогаш сите пет грен слеми ги освоија Карлос Алкарас и Јаник Синер.
– Не знам на кој грен слем имам најмногу шанси, но целта е да освојам барем еден оваа година. Важно е да бидам здрав и добро да се подготвувам за големите турнир. Недостатокот на тренинзи во контиунитет се одрази врз мојата игра во Доха, но долга е сезоната, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата.
– Во овој момент, Алкарас и Синер се убедливо главни фаворити за титулата на секој грен слем турнир, сите останати ќе се обидеме да се прикрадеме и да ги изненадиме. Грен слемите најмногу ме мотивираат и ќе направам се за да освојам барем еден оваа сезона, тоа е мојата цел. Ќе видиме дали ќе успеам во тоа, – изјави Ѓоковиќ за „Спорт Клуб“.
-
Формула 119 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија16 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија18 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија14 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Формула 113 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства14 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија12 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Свет8 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)