Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ си постави една главна цел до крајот на годината

Објавено

на

Foto:twitter.com/usopen

Новак Ѓоковиќ е во фаза од кариерата кога претпазливо ги бира турнирте на кои ќе настапи, а мора да се признае дека Србинот фантастично се справува со логистиката и успева да ја темпира својата форма за најважните турнири.

Ноле ја прескокна турнејата во Азија со цел да остане одморен за завршните три турнири на кои ќе настапи, а тоа се Мастерсот во Париз, завршниот Мастерс на најдобрите осум тенисери, но и Дејвис Купот.

Во најавата за овие три турнири, светскиот рекет број еден е свесен дека има предност во битката за првото место со Карлос Алкарас, но тоа му е во втор план бидејќи најголема желба му е повторно да го освои Дејвис Купот.

– Во тек се подготовките за завршниот дел од сезоната, ми преостанаа уште три турнири на кои ќе учествувам. Се радувам на предизвиците кои следат, се уште сум во трката за број еден и имам предност пред Алкарас. Има уште неколку седмици и верувам дека ќе ја доведам својата игра на посакувано ниво. Паузата секогаш влијае, но се надевам дека ќе ја пребродам таа фаза и дека ќе влезам во натпреварувачко ниво.

– Очекувањата се големи, имав многу успеси во Берси во Париз и очекувам такво нешто и годинава. Сепак, најголема желба ми е да го освоиме Дејвис Купот со моите сонародници, се надевам дека ќе бидеме здрави и дека ќе бидеме во форма за завршницата. Тоа ми е главна цел до крајот на годината, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни