Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се жалеше на публиката, но без проблеми избори трето коло на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ стигна до третото коло на Ју-Ес Опен, а на дуелот со Холанѓанецот Грикспор не дозволи загубен сет како во првото коло.

Српскиот тенисер кој е главен фаворит во Њујорк, стигна до победа со резултат по сетови 6:2/6:3/6:2 и веќе може да размислува за следниот противник на последниот грен-слем годинава.

Неговиот меч сепак не помина без мала доза нервоза, а причина биле свирежите и извиците на дел од публиката за време на поените. Ѓоковиќ протестирал и кај судијата за ваквото однесување.

– Не ми пречи што вреска меѓу поените, но секој втор поен го прави истото и пред да упатам удар, му порачал Ѓоковиќ на судијата на стол.

Следен противник на српскиот тенисер ќе му биде Јапонецот Кеи Нишикори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни