Ѓоковиќ се врати во Барселона по пауза од 12 години, но се спакува уште на стартот

novak-se-luti

Новак Ѓоковиќ одлучи да стави крај на игнорирањето на тенискиот турнир во Барселона и по пауза од 12 години одлучи да настапи на популарниот „Годо“, но сепак како што заврши во 2006 година, таков беше случајот и денеска бидејќи потклекна во дуелот со 140-от тенисер во светот.

Српскиот тенисер е далеку од својата посакувана форма, а тоа го докажа и денеска откако загуби од Мартин Клижан во меч во три сета. Словакот беше крајно расположен на стартот и го доби првиот сет со 6:2, а иако во вториот сет се чинеше дека Ѓоковиќ го пронајде правилниот ритам, сепак третиот беше сосема спротивна слика. Новак израмни на 1:1 откако го доби вториот сет со 6:1, но во одлучувачкиот сет повторно потклекна кога беше најважно и загуби со 6:3.

За Ѓоковиќ, ова беше второ учество на турнирот во Барселона и втор пат загуби уште на самиот старт.

Facebook Коментари