Ѓоковиќ се врати победнички: Пресреќен сум што сум повторно на терените

novak-london

Новак Ѓоковиќ го направи сефтето, се врати на терените со победа. Тој одигра егзибициски меч со со петтиот на АТП листата,Доминик Тим и за нешто повеќе од час игра успеа да го победи со 2:0 (6:1, 6:4).

Ноле последниот натпревар го одигра на Вимблдон и според тоа што го прикажа против Тим дефинитивно ќе биде еден од конкурентите за освојување на Отвореното првенство кое ќе се одржи од 15 до 28 јануари во Мелбурн, Австралија.

– Се вратив, а чуството е нешто што не може да се опише. Ова беше доста тежок период за мене. Поминаа скоро шест месеци од кога играв на некој од турнирите. Пресреќен сум и сакам да и се заблагодарам на публиката за поддршката за мечот против Тим, изјави Ѓоковиќ по завршувањето на мечот.

 

Facebook Коментари