Ѓоковиќ се справи со упорниот Баутиста Агут за ново финале на Вимблдон (Видео)

novak

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на Вимблдон и тоа откако денеска во полуфиналето беше подобар од упорниот Шпанец, Роберто Баутиста Агут со 3-1 во сетови.

Ѓоковиќ мораше добро да се испоти за да дојде до шестото свое финале на грен слемот во Лондон, меѓутоа со неговата борбеност, квалитет, знаење успеа во својата намера и во недела ќе се бори за петтата титула на овој турнир кој важи за најпрестижен во светот на белиот спорт.

Ноле ја доби денешната пресметка со 6:2, 4:6, 6:3, 6:2 со што сега има 8-3 во мечевите со Баутиста-Агут кој без разлика на денешниот пораз се прикажа во фантастично издание низ целиот турнир. Противник во големото финале ќе му биде победникот од мечот на вечните ривали Федерер и Надал.

Facebook Коментари