Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се соочи со бизарна сцена на стартот на Ју-Ес Опен: Мислев дека ме свиркаат…. (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успешно ја мина првата пречка на Ју-Ес Опен и покрај тоа што загуби еден сет од младиот дански квалификант, меч кој во најмала рака беше чуден поради отпорот на Холгер Руне, но и реакциите на публиката која не можеа да се сфата најјасно.

Руне својата најдобра игра ја прикажа во вториот сет по кој израмни на 1:1 во тајбрејкот, по што комплетно се исклучи од мечот и во наредните два сета доби само три гејма (6:2, 6:1). Младиот Данец по поразот истакна дека телото го изневерило и грчевите во мускулите направиле да не може да му парира на светскиот рекет број еден, кој пак во својата анализа за мечот, нагласи дека постојано мислел дека е исвиркуван од навивачите.

При крајот на вторито сет кога беше навистина неизвесно, публиката во Њујорк честопати извикуваше „Рууунеее“, а на Ноле тоа му звучело како силни свирежи од кои останал збунет.

– Искрено, не знаев дека фановите всушност скандирале. Мислев дека свиркаат, мислев дека се наменети за мене. Ова не беше баш најидеална атмосфера за мене, но јас веќе сум навикнат на такво нешти и знам како да се изборам со тоа.

– Артур Еш е најгласен и најзабавен стадион во нашиот спорт. Секој играч сака публиката да ја има зад себе, но тоа не е возможно во секој меч. Тоа е се што можам да кажам, јас се концентрирав на мојата игра и на крај излезе добро за мене, – изјави Ѓоковиќ кој во второто коло ќе игра против Грикспор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни