Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се огласи и откри за кого ќе навива во финалето на Австралија Опен

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ остана без пласман во големото финале на првиот грен слем за оваа календарска година Австралија Опен.

Ѓоковиќ во денешното полуфинале одигра само еден сет против Александер Зверев, сет кој го загуби во тај-брејкот со 7:5, сет по кој одлучи да се повлече поради повредата која ја заработи на претходниот меч со Карлос Алкарас. Овој проблем едноставно го оневозможи да го даде максумумот, да остане и да продолжи да се бори и да не се влоши повредата одлучи да го предаде мечот и со тоа да му овозможи на Зверев битка за трофејот на турнирот во Мелбурн.

Новак се огласи на социјалните мрежи и откри за кого ќе навива во дуелот меѓу Саша и Јаник Синер кој денеска лесно се справи со Бен Шелтон.

-Се обидов да закрепнам за денешниот меч, ама можев да притиснам до тука. Сепак носам позитивни спомени од овогодинешниот Австралија Опен. Честитки до Саша за пласманот во уште едно грен слем финале. Ти посакувам да ја освоиш титулата затоа што тоа го заслужуваш пријателе, -напиша Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни