Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се одмазди и обезбеди четвртфинале во Монте Карло (ВИДЕО)

Објавено

на

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ обезбеди место меѓу осумте најдобри на Мастерсот што се игра во Монте Карло.

Србинот денеска наиде на поголем отпор за разлика од првото коло, но дојде до посакуваниот резултат и тоа во соочувањето со Лоренцо Музети.

Музети му зема мерка на Ѓоковиќ во оваа фаза на турнирот, па фаворитот попладнево имаше уште една причина да го надигра Италијанецот, поточно да се одмазди, цел која ја оствари по два часа игра со 7-5 и 6-3.

Ова за Новак е десетто четвртфинале во Монте Карло со што стана втор играч со ваков учинок на турнирот по Рафаел Надал.

Нареден ривал му е Алек Де Минор кој денеска рутински се справи со Попирин кој да не заборавиме во претходната рунда направи големо изненадување со триумфот над Рубљов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни