Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се мачеше еден сет, па експресно го завери пласманот во полуфиналето во Женева (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/atptour

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ избори место меѓу најдобрите четири на АТП турнирот што се игра во Женева.

Новак е прв носител на турнирот на кој сака да дојде до титулата и со тоа со далеку поголема самодоверба да влезе на Ролан Гарос.

Во денешното четвртфинале со Талон Грикспор фаворитот имаше проблеми само во првиот сет кој лесно можеше да го добие и Холанѓанецот. По голема борба истиот заврши со 7-5 за да во продолжението Ноле му одржи вистинска лекција на противникот и го разбие со 6-1.

Со ова Србинот стана најстариот полуфиналист на турнирот во Женева, фаза во која ќе ги одмери силите со Томас Махач кој е 44. тенисер на планетава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни