Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ се изнамачи против сонародникот Ѓере, па испиша нова тениска историја (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Новак Ѓоковиќ имаше тежок и сериозен тест во второто коло на Ју-Ес Опен, од една страна поради квалитетот на ривалот кој го имаше, а од друга поради неверојатно тешкото време за игра во Њујорк.

Пеколните услови и големата влажност направија двајцата тенисери да имаат физички потешкотии и да бараат медицински тајмаути, па иако Ласло Ѓере на моменти изгледаше како тенисер кој подобро се справува со таквите услови, на крајот тој беше оној кој го предаде мечот.

Ѓере му пружи голем отпор на својот далеку пославен сонародник и имаше предност во вториот сет, но откако го загуби истиот, стана јасно дека целосно е исцеден.

Ѓоковиќ со многу мака ги доби првите два сета со идентични 6:4, а при водство од 2:0 во третиот, дочека повлекување од својот добар познаник.

На овој начин, Ноле се пласираше во третата рунда на Ју-Ес Опен каде ќе игра против Алексеи Попирин, но воедно испиша и нова тениска историја.

Ѓоковиќ стана првиот тенисер во историјата кој стигнал до најмалку 90 победи на сите четири грен слем турнири, бидејќи оваа над Ласло беше точно 90-та.

Србинот најмногу има остварено на Вимблдон (97), една помалку на Ролан Гарос, а на Аустралијан Опен има 94.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни