Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Сакам „последен танц“ со Надал на негов терен!

Објавено

на

Рафаел Надал минатата недела најави враќање на тенискиот терен и со тоа ги израдува сите фанови на овој спорт, вклучувајќи го и неговиот голем ривал, Новак Ѓоковиќ.

Србинот го поздрави залагањето на Шпанецот и од Мастерсот во Торино посака да се сретнат барем уште еднаш на теренот до крајот на нивните кариери, а сега во ексклузивното интервју за „Марка“ посака тоа да се случи на негов терен, односно на Ролан Гарос.

– Мислам дека сите сакаат да видат уште една епизода од ривалството Ѓоковиќ-Надал. Нека биде на негов терен, на Ролан Гарос. Сепак, ако треба да бирам, логично би било да го изберам било кој друг турнир. Ролан Гарос е турнирот на кој Надал има остварено најмногу победи во историјата на тенисот.

– Едно се желбите, но друго е реалноста. Сакам да се сретнам со него на било кој терен во светот, тоа ќе биде како „последен танц“ за мене и него.

– Да бидеме искрени, не знам уште колку прилики ќе имаме за да го направиме тоа. Се надевам дека ќе дојде до такво нешто, бидејќи навистина цел свет ја сакаа таа пресметка, вклучувајќи ме и мене, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни