Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ рутински го преслуша Шарди, Кирјос со трик удар ги воодушеви фановите (Видео)

Објавено

на

Властите во Австралија дозволуваат одреден број публика на трибините во Мелбурн и поради тоа атмосферата на Австралија Опен е значително „пожива“ од она што навикнавме во изминатата година, па затоа денеска големите тениски фанови од оваа земја уживаа во првиот ден на грен слем турнирот.

Првото коло на Австралија Опен донесе доста интересни пресметки и возбудувања, но и рутински победи како што е онаа на Новак Ѓоковиќ кој потерата по деветтата титула на турнирот во Мелбурн ја започна на величествен начин.

Србинот презентираше фантастично ниво уште во првата рунда и не му даде никаква шанса на Жереми Шарди, францускиот тенисер кој едноставно немаше што да бара во пресметката со светскиот рекет број еден.

Новак славеше со 6:3, 6:1 и 6:2 и си закажа пресметка со Франсис Тиафо, но претходно, доста внимание на домашната публика и привлече мечот кој го одигра Ник Кирјос.

Миленикот на домашните фанови победи со 3:0 во сетови со идентични 6:4, 6:4 и 6:4, а понуди и вистинско тениско шоу во пресметката со Португалецот Фереира Силва, прикажано со трик удари како што беше оној во самата завршница од мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни