Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ првпат даде коментар за невкусните изјави од неговиот татко за Федерер

Објавено

на

Срѓан Ѓоковиќ како татко на светскиот рекет број еден во изминатите две години се истакна со неколку негативни изјави на смета на Рожер Федерер, а иако Новак досега мудро молчеше, по првата победа на Мастерсот во Монте Карло за првпат даде одговор на оваа тема.

Повозрасниот Ѓоковиќ минатата година му препорача на Федерер да замине во пензија и да оди да скија и да ужива како секој нормален на негова возраст, некоректна изјава која само се надоврза на неговите констатации кои содржат голема количина на анимозитет кон Швајцарецот кој долги години доминираше во светскиот тенис.

Ноле денеска го победи Синер со убедливи 2:0 и се пласираше во осминафиналето на турнирот во Монте Карло, по што нагласи дека секогаш ќе застане во одбрана на својот татко, иако не се согласува со сите негови изјави.

– Го сакам мојот татко, тој отсекогаш ми даваше огромна поддршка, особено во почетокот на кариерата. Сепак, јас не можам да влијаам на она што тој го кажува. Секој се слободен да каже што мисли, а јас тоа морам да го прифатам и да го почитувам. Мојот татко е страствен човек, многу ме сака и се обидува да ме заштити.

– Знам дека тоа што го кажува го прави со добра намера, сите понекогаш кажуваме нешто со што другите се навредуваат. Но, јас ќе застанам зад мојот татко, тој ми е семејство, ќе се обидам да го заштитам во секоја ситуација. Сепак, не можам да кажам дека се согласувам со сето она што го кажува во јавноста, – порача Новак.

Таткото на Ѓоковиќ даде невкусна изјава за Федерер и откри кога ќе се пензионира Новак

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни