Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ признава: Мечот можеше да отиде и во друг правец…

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ја забележа и втората победа на турнирот во Женева, овојпат против Талон Грикспор кого го совлада со 2-0 во сетови.

Ѓоковиќ се мачеше еден сет, па експресно го завери пласманот во полуфиналето во Женева (ВИДЕО)

Ѓоковиќ одигра два сосема различни сета, првиот во кој се мачеше и лесно можеше да се случи и да го загуби, но пронајде начин да го заокружи со 7-5 за да во вториот го разбие Холанѓанецот со 6-1.

-Одлична победа. Мислев дека првиот сет може да му припадне, бидејќи тој беше подобар играч во поголемиот дел од првиот сет. Имаше три сет топки, 4:5 и 0:40, па мечот можеше да оди во сосема друг правец.

-Имав доволно среќа да најдам добри сервиси на тие сет топки. Оттогаш играв навистина одличен тенис. Малку ми помогна со грешките, но одиграв многу добар втор сет. Ви благодарам на сите што дојдовте на толку студен ден, мило ми е што ве гледам, -порача Ноле кој за следен ривал го има Томас Махач од Чешка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни