Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Притисокот е привилегија, ако сакаш да бидеш на врвот…

Објавено

на

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ бележи одлични резултати во оваа календарска година и е во позиција да го нападне достигнувањето на легендарната Штефи Граф од 1988 година.

Германката тогаш успеа да ги освои сите четири грен слем турнири, а и да слави на Олимпикските игри и со тоа да дојде до таканаречениот златен слем. Сега Ѓоковиќ е во добра позиција тоа да го направи, триуфмираше со Мелбурн, Париз и Лондон што значи сега му остануваат да ги покори Токио и Њујорк.

-Притисокот е привилегија. Без притисок, нема професионален спорт. Ако сакате да бидете на врвот, мора да научите како да се справите со притисокот и сите тие очекувања на и надвор од теренот. Секако дека сум свесен за сето тоа, не можам да не слушам и да не видам, но научив како да се справам со тоа.

-Создадов механизам што ми помага да не бидам воздржан од такви работи. Имам доволно искуство за да знам како да излезам на терен и да го одиграм мојот најдобар тенис, -порача Ноле пред кого е четврфиналето против Кеи Нишикори во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни