Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ презема одговорност: Јас сум трагичарот, кога ќе загубите…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ и неговата Србија не успеаа да обезбедат пласман во финалето на Дејвис Купот или поточно на тој пат им застанаа Италијанците кои славеа со 2-1.

Синер доби уште една битка со Ѓоковиќ, Италија е вториот патник во финалето на Дејвис Купот (ВИДЕО)

Од Ѓоковиќ најмногу се очекуваше, меѓутоа и тој падна под притисокот и денеска беше надигран од Јаник Синер што се покажа како пресудно во оваа пресметка. Првиот светски рекет не искористи три меч топки во директната пресметка со Синер кој пак потоа блескаше и во дубл заедно со Лоренцо Соного за конечен триумф на „аѕурите“ и место во финалето каде за ривал ќе ја имаат Австралија.

-Секоја чест за Италија, тие тоа го заслужија. Посебно Јаник кој скоро и да не промашуваше. За мене лично ова е огромно разочарување. Ја преземам одговорноста за трите меч топки. Кога губиш за својата земја, горчливиот вкус е уште поголем. На ова ниво, против таков тенисер, сè се случува брзо. Тој сервираше исклучително добро, погодувајќи ги местата. Мора да се каже секоја чест. Знаеме дека има еден од најбрзите форхенди. Не ме изненади. Го знам квалитетот на Јаник. Мислев дека ќе падне и во финалето, но го задржа нивото. Секогаш кога му требаше, успеваше да го пронајде сервисот, -истакна Ѓоковиќ и додаде:

-Илјада пати сум кажал дека секогаш ми е најголемо задоволство и чест да играм за мојата земја. Наредната година е далеку, искрено, сега главата е жешка по се што поминавме. Благодарам уште еднаш на тренерот и на целиот стручен штаб, на сите играчи во тимот што создадоа одлична атмосфера, што не бодреа цело време, јас и Кецмановиќ и сите заедно, сите се обидовме да го дадеме максимумот во рамките на нивната улога во тимот.

-Виктор кажа дека фалеше само една топка и еден удар за пласман во финалето. Таа топка беше моја, морам да преземам одговорност и толку. Трагичар сум, што да правам, одиме понатаму, -заклучи големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни