Ѓоковиќ пред одигрување на првото четвртфинале оваа година: Благодарам за поддршката од моите фанови, верувам дека…

novak-vika-madrid

Поранешниот број 1 на АТП листата, Новак Ѓоковиќ успеа да обезбеди пласман меѓу осумте најдобри на Мастерсот од серијата 1000 во Рим, и во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Кеи Нишикори од Јапонија. Тој го победи Алберт-Рамос Винолас со 2-0 во сетови со 6-1, 7-5 по еден и пол час игра.

Ова за Новак, кој е на 18. место на АТП листата, е прво четвртфинале во 2018 година, а во истото ќе се соочи со Нишикори против кого има позитивен учинок од 12-2. Ноле за медиумите изјави дека се труди да даде се од себе за да се врати на старите победнички патеки.

– Верувајте секој ден играм се подобро и подобро, но правам максимални напори да го извадам најдоброто од себе, без разлика дали сум на тренинзи или пак на натпревари. Подготвен сум да се вратам и да играм исто како кога бев прво место на АТП листата. Многу ми е драго за секојдневната поддршка што ја добивам од фановите. Искрено, верувам дека станувам се подобар и подобар после секој одигран натпревар, – изјави Ноле.

Facebook Коментари