АТП
Ѓоковиќ пред новинарите: Мислев дека два дена одмор ќе бидат доволни

Новак Ѓоковиќ не можел да се носи со болката поради мускулната повреда на ногата и реши да му го предаде мечот на Александер Зверев по само еден сет во полуфиналето на Аустралијан Опен.
Српскиот тенисер му парираше на Германецот до крајот на тај-брејкот, кој заврши во полза на противникот, по што му го честиташе пласманот во финалето на Зверев.
Ѓоковиќ беше исвиркан од домашната публика, а на прес-конференцијата по мечот открил со каков проблем се соочувал за време на полуфиналето.
– Не тренирав со топче од мечот со Алкарас, па до еден час пред почетокот на мечот со Зверев. Направив се што е можно за да го санирам скинатиот мускул, малку ми помогнаа лековите и напорите на физиотерапевтот, но на крајот на првиот сет почнав да чувствувам се поголема болка.
– Одеше на полошо и за мене тоа беше несреќен крај, но барем се обидов.
– Дури и да го освоев првиот сет, знаев дека ќе биде исцрпувачка борба во најмалку три сета, тешко ќе можев да разменувам толку удари неколку часа. Мислев дека двата дена одмор ќе бидат доволни за да бидам добро подготвен денес, но за жал не излезе така, – рекол Ѓоковиќ.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!