АТП
Ѓоковиќ пред неделното финале: Со цела почит кон Медведев и останатите, но…..

Новак Ѓоковиќ немаше никакви проблеми против квалификантот Карацев и лесно се пласираше во своето деветто финале на Австралија Опен, а денеска дозна дека негов противник во обидот да ја одбрани титулата и да дојде до деветти трофеј ќе биде Данил Медведев.
Рускиот тенисер стигна до 20-та последователна победа во низа откако го преслуша Стефанос Циципас кој во претходната рунда го елиминираше Рафаел Надал, па во период во кој е во врвна форма, ќе се обиде да го предизвика светскиот рекет број еден кој е непоразен на „Род Лејвер арената“ во финалињата.
Пред неделното финале, многумина гледаат на Медведев како единствен кој може да се носи со Ноле во Мелбурн во еден завршен меч, но сепак Србинот верува дека ќе го оправда епитетот на фаворит и ќе ја одложи доминацијата на тенисерите кои надоаѓаат.
– Притисокот секогаш постои, притисокот е дел од нашиот спорт. Многу се зборува за новата генерација тенисери, како тие ќе не симнат од тронот, како ќе не тргнат нас тројцата (мислејќи на Надал и Федерер).
– Тоа се уште не се случува. Со цела почит кон Медведев и останатите од новата генерација, тие имаат уште многу работа пред себе. Јас нема да стојам и да им ги препуштам трофеите. Ќе ги натерам да го заслужат она што го посакуваат, – порачува Ѓоковиќ пред мечот со Медведев.
За разлика од него, Русинот нагласи дека ќе мора да одигра перфектен меч за да има шанси против Ѓоковиќ, нагласувајќи дека притисокот е на страна на Србинот бидејќи тој ги брка грен слем рекордите на Федерер и Надал.

- Формула 1пред 23 часа
Пресврт од „кец во два“: Американскиот Ф1 тим Хаас ќе настапува со дизајн во боите на Русија, еве зошто!
- Англијапред 23 часа
Карагер со остар коментар за фудбалерите на Ливерпул, а од критики не го поштеди ниту Клоп
- Англијапред 23 часа
Чудна одлука на Солскјер, познато зошто Де Хеа ќе ги пропушти натпреварите во месец март
- Светпред 22 часа
Хабиб откри дека бил близок со Кристијано Роналдо: Неговиот најголем страв е поврзан околу синот
- Англијапред 22 часа
Кол импресиониран од тоа што го видел од Челси, посочи во што лежи тајната за рапидниот успех
- Англијапред 19 часа
Грилиш со интересен одговор зошто не го комплетирал трансферот во Манчестер Јунајтед: Немаше потреба, го имате..
- Италијапред 21 час
Ибра и Михајловиќ го украдоа шоуто на Сан Ремо: Нашето пријателство започна со тој удар со глава
- Англијапред 19 часа
Агентот на Салах со кратка и мистериозна порака на социјалните мрежи откако играчот беше изваден од игра против Челси