Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Пред мене е најтешкиот предизвик, но знам што треба да направам за победа

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ без никакви проблеми го реши Кеи Нишикори и дојде чекор поблиску до остварување на сонот, зацртаната цел, тоа е златниот медал во Токио.

За да дојде до самиот крај Ноле ќе мора да мине уште две пречки, првата е веќе утре против Александер Зверев од Германија кој игра доста квалитетно во Јапонија.

-Следи најтешкиот натпревар и предизвик. Зверев прилично лесно стигна до полуфиналето. Сервира исклучително силно. Со оваа изведба добив уште поголема самодоверба пред овој предизвик. Клучот ќе биде неутрализирање на неговиот сервис. Ќе се подготвам, многу добро го познавам. Тој е квалитетен играч, но одам на победа, -истакна Новак кој имаше успешен настап и во мешани двојки, ама не сака да говори за медали.

-Сeоди во одлична насока, ние сме на крајот од турнирот, но ве молам, не зборувајте за медали. Сакаме само да се фокусираме на теренот, притисокот и очекувањата се веќе тuka и одиме чекор по чекор, -порача првиот светки рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни