Ѓоковиќ пред голем предизвик: Може да игра против Надал или Федерер уште во четвртото коло во Мелбурн

nole

Новак Ѓоковиќ најави дека атакува на седма титула на Австралија опен, но оваа година дефинитивно ќе има невообичаено тежок пат до евентуалното финале во Мелбурн.

Откако пропушти голем дел од минатата сезона, српскиот тенисер падна на 12. позиција на АТП ранкингот, а фактот што не ја бранеше титулата во Доха, утре ќе му донесе пад за уште две места.

Ѓоковиќ како 14. носител ќе настапува на првиот грен-слем турнир, а тоа значи дека би можел да игра против Рафаел Надал или Рожер Федерер уште во четвртото коло.

Facebook Коментари