Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ пред финалето во Париз: Сакам ривалите да почувствуваат дека сум непобедлив!

Објавено

на

Foto:twitter.com/RolexPMasters

Новак Ѓоковиќ трет ден во низа имаше многу тежок меч на Мастерсот во Париз и мораше да игра три сета, но повторно излезе како поуспешен и се пласираше во големото финале во француската престолнина.

По тешките победи над Грикспор и Руне, светскиот рекет број еден беше пред пораз во дуелот со расположениот Андреј Рубљов, но кога изгледаше во загубена ситуација, Србинот повторно пронајде сили да се врати и успеа да направи фантастичен пресврт.

Мечот траеше точно три часа и Новак ќе влезе доста истрошено во денешното финале со Григор Димитров, пред кое верува дека негова предност ќе биде аурата која надвиснува кај ривалите кога се соочуваат со него на теренот.

– Никој не е непобедлив, но вистина е дека постои таа аура околу мене кога се во прашање ривалите. Тие сметаат дека сум непобедлив и играчите го чувствуваат тоа на теренот. Сакам ривалите да почувствуваат дека сум непобедлив, тоа ми дава ментална предност на теренот. И покрај ова, знам дека противникот ништо нема да ми подари, се треба да заработам на теренот, секој поен.

– Верувам дека секој играч против мене го дава најдоброто од себе, сите сакаат дам е победат и немаат што да загубат против мене. Но, јас и покрај тоа успевам да го пронајдам патот. На последните три меча не го одиграв својот најдобар тенис, но успеав да преживеам. Се надевам дека ќе биде така и во финалето со Димитров, – изјави Ноле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни